петок, 25 октомври 2024

Леклер ја освои пол-позицијата во Остин

Возачаот на Ферари, Шарл Леклер ја искористи грешката на Макс Ферстапен и оствари најдобро време во квалификациите на патеката во Остин.
 

Објавено на

часот

Сподели

Во последното излегување на патеката Ферстапен имаше најдобро време, но тоа веднаш му беше избришано бидејќи на една од последните кривини излезе надвор од границите на патеката. Поради тоа Леклер ја освои пол-позицијата, пред Ландо Норис од Мекларен и Луис Хамилтон од Мерцедес.

Макс Ферстапен трката ќе ја почне од шесттата позиција. Од четвртото место ќе стартува Карлос Саинц (Ферари), а петти беше Џорџ Расел (Мерцедес), седми и осми се возачите на Алпин, Пјер Гасли и Естебан Окон, а првата десетка ја комплетираат Серхио Перез од Ред Бул и Оскар Пјастри од Мекларен.

Денеска во Тексас ќе се возат квалификациите за спринт-трката, која е на програмата нешто подоцна.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ