сабота, 2 ноември 2024
Напаѓачот блиску до заминување од Париз

Л’Екип: Меси и ПСЖ пред развод, Аргентинецот може да остане само под еден услов (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Пред неколку месеци се веруваше дека Лео Меси и следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ, но во последно време има многу прашалници околу иднината на напаѓачот.

Денешното издание на Л’Екип пишува дека Лео Меси и ПСЖ се пред развод и Аргентинецот е многу поблиску до заминување од Париз отколку до продолжување на авантурата во градот на светлината.

Реномираниот весник додава дека напаѓачот може да остане под еден услов, односно да прифати значително намалување на платата поради потребата на „светците“ да ги стават сметките во склоп со правилата за финансиски фер-плеј.

Од друга страна, Лео Меси пак бара одредени гаранции за проектот откако ПСЖ имаше уште една разочарувачка сезона во Лигата на шампиони, а се преикажуваат и бледи партии во Лига 1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ