сабота, 27 јули 2024

Лекција за германските медиуми: Не сме Северномакедонци, ние сме Македонци

Македонската заедница во Германија испрати едукативна реакција до германските медиуми поради пречестата употреба на придавката „северномакедонски“.

Објавено на

часот

Сподели

На ракометното европско првенство кое се одржува во Германија, ние сме во група со домаќинот, па нашето име постојано е дел од спортските вести во германските медиуми.

Како и во многу други земји, преспанскиот договор во делот кој задира во нашиот идентитет не се почитува. По промената на името тешко е да се едуцираат другите земји да ги користат термините Македонци и македонски, наместо Северномакедонци и северномакедонски.

Почесниот конзул во Диселдорф, Холгер Арндт и Гоце Перовски, претседателот на Советот за интеграција во овој град, испратија едукативен протест до германските медиуми, вклучително и телвизијата РТЛ која го пренесува Европското првенство. Истовремено апелираа до нашите Македонци во Германија, ова писмо да го испратат во што е можно повеќе институции во земјата, со цел никогаш повеќе да не се користат термините „северномакедонски“ и „Северномакедонци“.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ