Оттаму појаснија дека вчера доцна попладне бил добиен извештај од извршен надзор врз стручната работа на Универзитетската Клиника за детски болести и Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле во Скопје, во врска со лекувањето на починатото дете, подготвен од страна на комисијата.
„За овој случај, Комората исто така доби допис и од ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле – Скопје, каде оваа здравствена установа дава свое гледиште и став во врска со наводите од извештајот на Министерството за здравство“, велат од Лекарската комора.
За исходот од работата на Комисијата и донесените одлуки за понатамошно постапување, Лекарската комора дополнително ќе се излезе со информации.