сабота, 27 јули 2024
Седница на судот на честа при Лекарската комора

Лекарот кој што снимаше пациентки за на Тик ток остана 7 години без лиценца

Објавено на

часот

Сподели

Судот на честа, соопштија од Лекарската комора, утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на Лекарската комора, како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика.

Докторот на медицина, посочуваат од Лекарската комора, својата професија треба да ја врши совесно и одговорно со почитување на човековото достоинство. Тој е должен да ги почитува и штити правата на пациентите и да ја чува нивната доверба и тајност на медицинските податоци. Потенцираат дека почитување на етичките норми е најважната основа на која лекарите секојдневно ги практикуваат своите стручни знаења во областа на медицина и ги лекуваат пациентите.

„И најстручниот лекар не е доволно добар лекар, доколку не ги почитува етичките норми и правила. Лекарската комора, како професионално здружение на сите доктори на медицина во нашата земја, нема да дозволи дигнитетот и угледот на докторите да бидат загрозени од неодговорно однесување на поединци во фелата. Со денешната Одлука органите на Комората како легитимни претставници на сите нејзини членови испраќаат порака дека лекарите веруваат во етичките вредности и правила и силно ќе се залагаат за нивно доследно почитување во работата“, стои во соопштението од Лекарската комора.

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против анестезиологот Дервиши, кој на одделот на гинекологија во тетовската болница тајно снимал пациентки и видеото го објави на Тик-ток. Анестезиологот, кој беше и отпуштен од работа, се товари за несовесно работење во службата, како и за неовластено снимање. Според кривичниот законик за вакво дело се предвидува казна затвор од три месеци до три години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ