Во соопштението на Ватикан се вели дека 88-годишниот папа продолжува да закрепнува. Тој сè уште користи дополнителен кислород.
Покрај тоа, ја напуштил својата болничка соба за да се моли во блиската приватна капела.
Папата покажа стабилни, иако мали, подобрувања оваа недела по респираторната криза и проблемите со бубрезите во текот на викендот, што предизвикаа стравувања за неговиот живот. Подобрувањата ги поништија шпекулациите за непосредна смрт или оставка.
И покрај подобрувањата во здравствената состојба, краткорочниот календар на настаните на папата Франциско е променет.
Ватикан ја откажа аудиенцијата за Светата година закажана за сабота, а останува да се види дали папата ќе го прескокне благословот трета недела по ред.