„Со тешко срце мораме да ги прекинеме нашите активности во Русија“, рече шефот на руската програма на Лекари без граници.
Организацијата е присутна во Русија од 1992 година, но во август соопшти дека добила известување од руското Министерство за правда дека канцеларијата е отстранета од регистарот на невладини организации.
Лекари без граници, заедно со Министерството за здравство на Русија, реализирале програми во Москва, Санкт Петербург, Архангелск, Ивановската и Кемеровската област, Чеченија, Ингушетија и Дагестан.
Фокусот на таа организација беше лекување и превенција од туберкулоза, особено тешки форми, ХИВ, други заразни болести и работа со ризични групи, вклучително и мигранти.
По почетокот на руската инвазија на Украина, Лекари без граници обезбедија медицинска и хуманитарна помош за бегалците од Украина и на Русите кои од пограничните области се преселија во побезбедните региони на Русија.