вторник, 18 март 2025

Лејкерс врза две победи без Леброн, Денвер триумфираше без Јокиќ (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со убедливи 125-109 го совлада Сан Антонио, а Денвер славеше гостинска победа над Голден стејт од 114-105.

Објавено на

часот

Сподели

Лејкерс по четирите последователни порази без Леброн Џејмс, успеа да врзе две победи. Овојпат тоа беше убедлив триумф врз Сан Антонио.

На Дончиќ му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, постигна 21 поен, имаше 14 асистенции и девет скокови. Најефикасен во составот на Лејкерс беше Ривс со 30 поени, кај Сан Антони Кестл постигна 23.

Денвер без Никола Јокиќ го победи Голден стејт и тоа на негов терен. Улогата на лидер ја презема Арон Гордон кој мечот го заврши со фантастични 38 поени. Најефикасен кај противникот беше Батлер со 23 поени, Кари постигна 20.

 

Резултати:

Њујорк – Мајами 116-95
Хјустон – Филаделфија 144-137
Минесота – Индијана 130-132
Њу Орлеанс – Детроит 81-127
Јута – Чикаго 97-111
Голден стејт – Денвер 105-114
Феникс – Торонто 129-89
Портланд – Вашингтон 112-97
Сакраменто – Мемфис 132-122
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 125-109

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ