четврток, 30 мај 2024

Лејкерс пропушти 20 поени предност, Денвер победи со звукот на сирената (ВИДЕО)

Вториот натпревар од серијата меѓу Денвер и Лејкерс беше исклучително возбудлив, шампионот се врати од 20 негатива и победи со 101-99 со шут на Џемал Мареј со звукот на сирената.

Објавено на

часот

Сподели

Лос Анџелес Лејкерс беа на прагот да направат брејк, создадоа голема предност, во текот на третиот период водеа со 68-48, но успеаа да го прокоцкаат високото водство и на крајот да загубат.

Беше 99-99, Лејкерс имаше напад, Леброн промаши отворен шут за тројка, а во последниот напад Мареј погоди за победа на Денвер од 101-99.

Никола Јокиќ одигра фантастична партија, направи трипл-дабл со 27 поени, 20 скокови и 10 асистенции, Портер постигна 22 поени, Мареј имаше 20. Во составот на Лејкерс најдобар беше Ентони Дејвис со 32 поени и 11 скокови, Леброн Џејмс реализираше 26 поени и 12 асистенции.

Со оваа победа Денвер поведе со 2-0, следните два меча од серијата се играат во Лос Анџелес.

Резултати:
Кливленд – Орландо 96-86 (2-0)
Њујорк – Филаделфија 104-101 (2-0)
Денвер – ЛА Лејкерс 101-99 (2-0)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ