недела, 19 мај 2024

Лејкерс ќе му биде противник на Денвер во плеј-офот, Голден стејт испадна (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс е првиот патник во плеј-офот од натпреварите во плеј-ин, тие како гостин го совладаа Њу Орлеанс со 111-106.

Објавено на

часот

Сподели

Лејкерс со одличен меч успеа да слави гостинска победа кај Њу Орлеанс и да се избори за учество во плеј-офот каде за противник ќе го има актуелниот шампион Денвер.

Леброн го предводеше својот тим до победа и малку му фалеше за трипл-дабл. Натпреварот го заврши со 23 поени, 9 скока и 9 асистенции. Одличен беше и Ентони Дејвис кој даде 20 поени и 15 скокови. Кај Њу Орлеанс убедливо најдобар беше Зајон Вилијамсон со 40 поени и 11 скокови.

Лејкерс оди во плеј-офот, а Њу Орлеанс ќе има уште една шанса да стигне таму, ќе има меч со Сакраменто кој убедливо го победи Голден стејт и му ја заврши сезоната. Беше 118-94 за кралевите.

Најефикасен во домашниот тим беше Мареј со 32 поена, Фокс додаде 22, а Сабонис повторно дојде до трипл-дабл од 16 поени и 12 скока. Кај Голден Стејт, Кари заврши со 22 поена, а очаен беше Клеј Томпсон кој ги промаши сите 10 шута за тројка.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ