сабота, 27 април 2024

Лејкерс ја победија Индијана во меч каков што немаат одиграно 37 години (ВИДЕО)

Во неверојатно ефикасен натпревар со 295 поени, Лос Анџелес Лејкерс со 150-145 славеа над Индијана.

Објавено на

часот

Сподели

Првпат по 1987 година тимот на Лејкерс дава 150 поени на еден натпревари, цели 37 години немаа одиграно толку ефикасен меч.

Во текот на првото полувреме Индијана најчесто водеше, но пред одморот Лејкерс го свртеа резултатот и на паузата заминаа со водство од 72-68. Во текот на третиот период домаќините неколкупати имаа и 19 поени разлика, до крајот го контролираа резултатот, Индијана успеа само да се избори за полесен пораз. Конечниот резултат беше 150-145.

Ентони Дејвис беше најдобар со 36 поени и 16 скокови, Леберон Џејмс постигна 26 поени и 10 асистенции. Во составот на Индијана, Сиакам реализираше 36 поени, имаше и 12 скокови.

Резултати:
Детроит – Њу Орлеанс 101-114
ЛА Клиперс – Филаделфија 107-121
Мајами – Кливленд 121-84
Милвоки – Оклахома 118-93
Минесота – Голден стејт 114-110
ЛА Лејкерс – Индијана 150-145

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ