понеделник, 3 март 2025

Лех Валенса во писмо до Трамп: „Со ужас и одвратност го гледавме вашиот разговор со Зеленски“

Поранешниот полски претседател и лидер на синдикатот „Солидарност“, Лех Валенса, кој одигра клучна улога во падот на комунизмот, напиша писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое изразува „ужас“ поради неговиот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Добитникот на Нобеловата награда за мир на Фејсбук го објави текстот на писмото, потпишано од 39 поранешни полски политички затвореници.

На средбата што се емитуваше во живо во петокот Трамп го обвини Зеленски дека не е доволно благодарен за американската помош, дека покажува непочитување кон неговата земја и дека го доведува светот на работ на трета светска војна.

„Го гледавме вашиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски со ужас и одвратност“, се вели во писмото.

„Сметаме дека се навредливи вашите очекувања во однос на изразувањето почит и благодарност за материјалната помош што САД ѝ ја даваат на Украина во нејзината борба против руската офанзива.“

„Благодарноста им припаѓа на херојските украински војници што ја пролеаја својата крв во одбрана на вредностите на слободниот свет.“

Во писмото потпишано од Валенса, атмосферата за време на средбата е споредена со онаа од „сослушувањата на Службата за безбедност и… во комунистичките судови“.

Исто така, се повикуваат САД да ги исполнат безбедносните гаранции дадени на Украина во 1994 година по распадот на Советскиот Сојуз.

„Овие гаранции се безусловни: нема ниту збор за третирање на таквата помош како економска размена“, се наведува во писмото.

Американската амбасада во Варшава, на прашањето од Ројтерс, не ја коментираше содржината на писмото.

Актуелниот полски претседател Анджеј Дуда во саботата изјави дека Зеленски треба да се врати на преговорите со Соединетите Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ