сабота, 27 јули 2024
Македонецот има квалитет за Ренџерс и Селтик

Легендата на Ренџерс: Погрешив со проценката на Миовски, нема многу голгетери како него

Објавено на

часот

Сподели

Бојан Миовски продолжува со одличните партии во дресот на Абердин, Македонецот изминатиов викенд ја затресе мрежата на Ренџерс и стигна до бројката од 11 погодоци оваа сезона.

Напаѓачот е на радарот на неколку клубови, а поранешниот капитен на Глазгов, Бери Фергусон вели дека Бојан Миовски без проблем може да игра за двата најголеми клубови во Шкотска.

„Продолжува да ги освојува моите симпатии, навистина ми се допаѓа“ – вели Бери Фергусон. „Има одлични движења и брилијантна завршница“.

„Претходно не бев толку убеден, но погрешив со проценката, сега слободно можам да кажам дека нема многу голгетери како него“.

„Покажа дека има доволно квалитет да игра во Ренџерс или Селтик, постигна 11 голови во дресот на Абердин, кој прилично се мачи оваа сезона“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ