понеделник, 10 март 2025

Лефков: Заев и Филипче ги користеа државните хеликоптери за екскурзии наместо за спасување животи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков обвини дека поранешниот премиер Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче ги користеле државните ресурси за лични удобности, додека граѓаните се соочувале со тешка економска состојба.

Објавено на

часот

Сподели

„Додека народот живееше со 150 денари на ден, Филипче заедно со својот ментор Заев си правеше екскурзии со хеликоптер низ Македонија. Наместо да бидат користени за спасување човечки животи, државните хеликоптери служеа за еднодневни прошетки на власта,“ изјави Лефков.

Тој посочи дека хеликоптерите биле користени за патувања до Прилеп и Битола, тврдејќи дека тоа претставува расипничко трошење на јавните средства.

„Граѓаните едвај врзуваа крај со крај, додека Заев и Филипче летаа со хеликоптери на настани, трошејќи народни пари. Тоа е уште еден доказ за нивната неспособност и фокусот исклучиво на личните интереси, тендери и провизии,“ додаде тој.

Лефков истакна дека, според него, тогашната власт на СДСМ и ДУИ довела до економски пад, масовно иселување на младите и сериозни коруптивни скандали.

„Филипче не може да глуми ново лице на СДСМ. Тој е продолжена рака на Заев и Ковачевски, а тие веќе беа поразени. Филипче е следен,“ заклучи Лефков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ