„Попусти се обидите на СДС да глуми дистанцирање од ДУИ кога со години знаеја за криминалните активности на Артан Груби, но молчеа и го толерираа тоа само за да останат на власт,“ изјави Миле Лефков, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Лефков посочува дека СДСМ со години ја држеше власта благодарение на толеранцијата и поддршката за криминалните структури на ДУИ, кои ја уништуваа државата и народот.
„СДС свесно дозволи Груби да прави што сака, а денес обидите за дистанцирање се бледи и неискрени. Доколку навистина сакаат некој да им верува, треба прво јавно да се извинат на граѓаните што со години беа соучесници во криминалот на Груби,“ вели Лефков.
Тој додава дека обидите на СДСМ за декларативно дистанцирање се без кредибилитет додека не признаат дека знаеја за незаконските активности на ДУИ и не преземаа ништо за да ги спречат.
„СДС нема повеќе простор за манипулации. Народот одамна ја препозна вистината. За да покажат барем малку политичка одговорност, треба да признаат дека дозволија криминалот на ДУИ, да се извинат и да ги осудат таквите дејствија,“ истакна Лефков.
Тој потенцира дека без јасно и искрено дистанцирање од ДУИ, СДСМ ќе продолжи да тоне во недовербата кај граѓаните.
„СДС има избор: или да го осуди криминалот на Груби и јасно да се дистанцира, или ќе остане како дел од мрачната историја на криминални коалиции,“ заклучи Лефков.