четврток, 6 март 2025
Ноќ за паметење

Леброн Џејмс стана првиот во историјата со 50.000 поени во НБА (ВИДЕО)

Ноќ за паметење во НБА, на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Њу Орлеанс, Леброн Џејмс стана првиот кошаркар во историјата со 50.000 поени.

Објавено на

часот

Сподели

Леброн Џејмс го држи рекордот за најмногу постигнати поени во НБА лигата, но утрово дополнително го зацврсти својот статус како легенда, ѕвездата на ЛА Лејкерс стана првиот во историјата со 50.000 поени во регуларниот дел од сезоната и плејофот.

Моментот за паметење се случи во 4 минута од натпреварот против Њу Орлеанс, Лука Дончиќ навлече неколку играчи на себе, асистираше до Леброн Џејмс, кој осамен од линијата за 3 поени, реализираше и ја крена публиката на нозе.

40 годишниот Леброн Џејмс, кој ја игра својата 22-ра сезона, покажа дека и понатаму е врвен кошаркар, натпреварот го заврши со 34 поени и како најефикасен во својот тим.

Лука Дончиќ исто така имаше одлична партија со 30 поени, 15 асистенции и 8 скокови, па „езерџиите“ без многу проблеми славеа со 136:115.

НБА резултати:

Индијана – Хјустон 115:102
Орландо – Торонто 113:114
Атланта – Милвоки 121:127
Њујорк – Голден Стејт 102:114
Чикаго – Кливленд 117:139
Минесота – Филаделфија 126:112
Сан Антонио – Бруклин 127:113
Феникс – ЛА Клиперс 119:117
Ла Лејкерс – Њу Орлеанс 136:115

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ