сабота, 27 јули 2024

Леброн Џејмс стана првиот играч во НБА кој постигнал 40.000 поени (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го доби дуелот со Леброн Џејмс, Денвер го совлада Лејкерс во Лос Анџелес со 124-114, но ова беше вечер на „кралот“ кој стана првиот кошаркар во НБА лигата кој ја минал границата од 40.000 поени.

Објавено на

часот

Сподели

На меч против актуелниот шампион Денвер, Леброн Џејмс дојде до неверојатното остварување кое се очекуваше дека ќе го направи, стана првиот играч со 40.000 поени во НБА лигата.

Лос Анџелес Лејкерс го загуби мечот во последната четвртина во која се влезе со израмнет резултат. Денвер победи со 124-114.

Леброн Џејмс со 26 поени беше најефикасен во својот тим, но на теренот најдоминантен беше Никола Јокиќ кој го предводеше Денвер до триумф. Србинот постигна 35 поени, имаше и 10 скокови, дабл-дабл учинок имаа и Портер со 25 поени и 10 скокови, како и Мареј со 24 поени и 11 асистенции.

Резултати:
Бруклин – Атланта 114-102
Мајами – Јута 126-120
Мемфис – Портланд 100-107
ЛА Лејкерс – Денвер 114-124
Феникс – Хјустон 109-118

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ