ЛА Лејкерс изминатиов период имаше доста проблеми со повредите, но утрово конечно во тимот се врати првата ѕвезда Леброн Џејмс, кој ги пропушти претходните седум натпревари.
Руи Хачимура исто така истрча на паркетот, но „езерџиите“ имаа партија за заборав против Чикаго, беа поразени со дури 31 поени разлика.
„Биковите“ со одлична колективна игра го понижија ЛА Лејкерс и славеа во „Крипто Арена“ со убедливи 115-136
Дури седум кошаркари на Чикаго беа двоцифрени, најдобар стрелец беше Коби Вајт со 36 поени, додека за одбележување е партијата на Џош Гиди кој за малку ќе забележеше квадрупл-дабл и натпреварот го заврши со 15 поени, 10 скокови, 17 асистенции и 8 украдени топки.
Во таборот на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ постигна 34 поени, од кои дури 29 во првите две четвртини и беше главен виновник што „езерџиите“ држеа чекор со Чикаго во овој период од мечот.
Леброн Џејмс во своето враќање имаше солиден учинок од 17 поени, 6 скока и 4 асистенции.
Резултати:
Индијана – Бруклин 108:103
Атланта – Голден Стејт 124:115
Њујорк – Вашингтон 122:103
Сакраменто – Милвоки 108:114
ЛА Лејкерс – Чикаго 115:146