Партијата потсети дека овој предлог беше поднесен во август минатата година со цел да се спречат злоупотребите на службените возила за приватни потреби, пракса која честопати беше евидентирана во минатото.
„Одлучноста на Владата да го прифати овој наш предлог е позитивен пример за тоа како конструктивните идеи кои се во интерес на граѓаните и државата треба да бидат прифатени и имплементирани,“ велат од ЛДП.
Партијата упати апел до надлежните институции за побрза реализација на оваа мерка, со уверување дека нејзиното успешно спроведување ќе придонесе кон: намалување на злоупотребите на службените возила за приватни цели, зголемена одговорност и совесност кај функционерите и подобра доверба на граѓаните преку отчетност и транспарентност во користењето на јавните ресурси.
„Видливо обележаните службени возила ќе обезбедат усогласеност на институциите во однос на транспарентноста и ќе ја рационализираат употребата на јавните ресурси,“ додаваат од ЛДП, нагласувајќи дека ваквите чекори се од суштинска важност за градење на доверба помеѓу институциите и граѓаните.