„Иницијативата на ЛДП е прифатена, конечно се стави крај на луксузот – економски директори на клиниките. Со измените треба да се овозможи рационално трошење на средствата на граѓаните и пренамена на средствата. Затоа предлагаме веднаш да се измени одредбата од член 105 со која е предвидено именување на двајца директори и тоа организациски и медицински директор“, велат од партијата.
Од партијата порачуваат дека потребно е итно решавање на натрупаните проблеми во здравството преку измени во Законите за здравствена заштита и здравствено осигурување со цел обезбедување на квалитетна здравствена заштита на сите граѓани во земјава, а во јавните здравствени установи да се воспостават квалитетни менаџерски тимови раководени од еден директор со што во голема мера ќе се заштедат средства кои може да се пренаменат.