сабота, 27 јули 2024

Лазовски нов селектор на кошаркарите

Објавено на

часот

Сподели

Лазовски (лево) и Србиноски беа во најтесен избор за селекторската функција

„Пред нецел час се разделив со Лазовски и начелно се договоривме да ја прифати улогата на предводник на националната селекција. До крајот на неделава ќе се завршат потребните процедури, односно неговиот избор да биде прво одобрен од Стручниот совет, а потоа и од членовите на Управниот одбор“, ни изјави Мерџановски.

Лазовски ќе дојде на местото на Марин Докузовски, кој пред крајот на 2011 година реши да не го обнови договорот со МКФ по феноменалното четврто место на ЕП 2011 во Литванија и да замине да работи како тренер во бугарскиот шампион Лукоил Академик.

„Мислам дека нема да погрешиме со Лазовски. Тој го има континуитет во работата бидејќи му беше помошник прво на Јовица Арсиќ, а потоа и на Докузовски. Има искуство како прволигашки тренер, но и како селектор, и тоа на младинската репрезентација. Веруваме во него и се надеваме дека ќе ја продолжи успешната низа од резултати“, дополнува Мерџановски.

Лазовски нема да има лесна задача. Својата прва селекторска обврска ќе ја има во јули годинава, кога Македонија ќе настапи на претквалификацискиот турнир во Венецуела, каде што ќе се обидеме да дојдеме до едно од првите три места што водат на ЛОИ во Лондон.

Игор Крстевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ