сабота, 27 јули 2024

Лажна е веста за исчезнатото бебе, Спасовски најави најжестока реакција од институциите

Објавено на

часот

Сподели

Спасовски посочи дека лажни вести не шират медиумите и медиумските работници во земјава, туку лица на социјални мрежи или политичари и политички партии кои од секој можен аспект гледаат како да направаат некаква штета, а тоа не е шетета на поединци, туку на државата.

„Aко погледнеме низ ретроспектива, кога доаѓа време за избори во државата ни се случуваат лажни вести кои се мотивирани од одредени личности и структури. Не мора тоа да бидат само политички мотивации, туку и од други апсекти. Пред три години, кога имаше избори почнуваа да се отвораат теми за мигранти, грабнување на деца. Но, и пред неколку дена имавме лажна пријава за грабнување деца. Беше приведен стористелот и го призна делото. Сега имаме нова лажна вест, наводно има исчезнато дете што е апсолутно лажно“, потврди министерот Спасовски.

Тој упати апели никој да не се служи со лажни вести кои предизвикуваат немир кај граѓаните и најави дека ќе има најжестока реакција од институциите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ