Во лажната вест меѓу другото е наведено дека причина за „смртта“ на Калиопи е циста на мозокот и срцев удар.
“Јас секогаш тврдев дека нема добри и лоши луѓе, туку дека постојат луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечен чин поведена е пријава и постапка до надлежните органи. Се случувале и во минатото различни злоупотреби на моето име, но оваа морбидност ги надминува сите претходни манипулации. Дали вие нелуѓе креатори на овие вести сте свесни дека можеби мојата мајка, сестра, брат можеле да го прочитаат овој текст и директно да го загрозите нивниот живот? Упатувам апел до одделот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби,“ напиша Калиопи на инстаграм.