сабота, 2 ноември 2024

Лаже оној што за пари ветува термин за рабoтна виза, алармира Амбасадата на Германија

Објавено на

часот

Сподели

„Фер и транспарентно доделување на термини за поднесување на барање за виза, како и проверка на вашите барања согласно важечките закони се наш и ваш заеднички интерес. За жал, постојано има луѓе кои со погрешни информации сакаат да извлечат профит за себе. Лагите и погрешните информации ви штетат вам и на Амбасадата“, се вели во објавата на социјалните мрежи.

Реакцијата следи откако беа објавени информации за измамници кои за пари нудат термини за добивање на работна виза за Германија и продаваат лажни сертификати за познавање на германскиот јазик.

Гостиварското обвинителство деновиве информираше дека отворило истрага против измамничка која нудела лажни работни визи за Германија. Таа од март минатата година, претставувајќи се како вработена во германската Амбасада и во МВР измамила осуммина гостиварци и заработила околу 18.500 евра. 

„Затоа, заштитете се и имајте предвид: Термини за виза се доделуваат само преку веб-страната на Амбасадата! Оној што ви ветува термин за пари, лаже! Термините не може да се купат! Лицата што на улица се претставуваат како вработени во Амбасадата и даваат ветувања, лажат! Доколку некој ви понуди фалсификувани или лажни јазични сертификати, одбијте! Нашите вработени се обучени и препознаваат вакви фалсификати. Вашето барање ќе биде одбиено“, се вели во апелот од Амбасадата.

Германија е најпосакуваната земја за работа и иселување, кое стана олеснето со т.н. Западнобалканско правило, според кое во иднина годишно во Германија ќе можат да се вработат до 50.000 луѓе од Македонија и регионот, дури и ако немаат стручни квалификации, бидејќи на Германија ѝ недостига работна сила во речиси сите области. Претходно, оваа бројка беше 25.000 годишно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ