понеделник, 27 јануари 2025

Лазаров: Задоволни сме, но постои горчина дека можевме повеќе

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров е задоволен од прикажанот на Светското првенство, но вели дека можеби можеме и повеќе.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвено-жолтите“ достоинствено се отпишаа од мундијалот со пораз од Франција со 32-25 и финиш на четвртата позиција на табелата.

„Мислам дека треба да бидеме задоволни, очекував тежок натпревар и сметам дека Французите воопшто не не потценија. Кај нас се покажа она неискуство иако одигравме квалитетен натпревар, на висок ритам, повисок од оној со Холандија. Ние имаме предности во нашата игра, но и слабости кои Франција ги откри и ги искористи. Жалам за неискористените пенали во првото полувреме, но во секој случај сум задоволен бидејќи шести натпревар против Франција воопшто не е лесно“ – вели селекторот Кирил Лазаров.

„Можам само да им честитам на играчите и на стручниот штаб за покажаното на ова Светско првенство. Можеби можевме повеќе на Мундијалот, останува мала горчина, но за големи резултати треба да се верува, а ние некако не верувавме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ