Македонија ја победи Црна Гора во меч кој се играше во три полувремиња (22-17, 17-20, 15-14).
„Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките.
Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар.
Играчите ќе добијат заслужен одморот. Со работа продолжуваме на 2. јануари“, изјави селекторот Лазаров по мечот.