сабота, 27 јули 2024

Лазаров: Задоволен сум од ждрепката, имаме реални шанси за пласман на ЕП

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров е задоволен од денешната ждрепка за квалификациите за Европското првенство 2026.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија денеска ги доби противниците за квалификациите за ЕП 2026, се паднавме во група со Словенија, Литванија и Естонија.

„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија. Додека со Словенците ќе пробаме да извојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година“, вели Лазаров.

Првите две селекции и четирите најдобро третполасирани од осумте групи одат на Европското првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ