петок, 18 октомври 2024

Лазаров: Задоволен сум од натпреварите со Романија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров е задоволен од двата меча против Романија и покрај тоа што ги загубивме.

Објавено на

часот

Сподели

Лазаров за овие натпревари не можеше да смета на неколку стандардни репрезентативци, па шанса добија ракометари кои треба да се докажуваат.

„Ја искористивме максимално ЕХФ неделата да одиграме два пријателски натпревари со Романија на гостински терен која исто така се подготвува за бараж натпреварот против Чешка во мај“, вели Лазаров.

„Во недостаток на повеќе од половина стандарден тим, од оправдани причини, шанса дадовме на нови играчи кои се дебитанти или имаат лимитирана улога во националниот тим во нормална ситуација“.

„Вакви натпревари се од голема важност да се види на кого може да се рачуна во ваков тип на тешки натпревари поготово на гостински терен. Се надевам дека за баражот во мај ќе се комплетираме и ќе се подготвиме да одиграме квалитетен бараж натпревар бидејќи не очекува сериозен противник за пласман на Светското првенство. Задоволен сум од желбата ангажманот и односот на овие два натпревари од целиот тим“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ