четврток, 9 јануари 2025

Лазаров: Задоволен сум, ќе бидеме подготвени за СП

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров изрази задоволство по вчерашниот пријателски меч против Хрватска.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија го загуби мечот со 27-25, но се покажа во одлично издание против фаворизираниот противник.

„Задоволен сум од натпреварот, она кое го сакавме го видовме во Вараждин во еден меч кој се одигра во убава атмосфера. Не ме загрижува поразот. Мислам дека бевме доста добри со добар противник. Имаме уште две подготвителни средби до Светското првенство и мислам дека ќе бидеме подготвени“, рече Лазаров.

До првиот меч за Македонија на Мундијалот има уште шест дена бидејќи тој се игра на 15 јануари против Унгарија, а дотогаш нашиот национален тим ќе се сретне со локалниот хрватски клуб Сесвете и со репрезентацијата на Зеленортски Острови која трета пат во низа ќе учествува на светските првенства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ