четврток, 24 октомври 2024

Лазаров: Верувам во невозможното

Ракометната репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир пред почетокот на подготовките за Европското првенство кое ќе се одржи во јануари.
 

Објавено на

часот

Сподели

Македонија е во тешка група заедно со Франција, Германија и Швајцарија. Само две селекции одат во следната фаза, па мисијата ќе биде речиси невозможна, но селекторот Кире Лазаров не се предава.

„По промената на генерацијата беше најважно да не се загуби континуитетот на спортот кој е број еден во Македонија. Веќе втора-трета година сме дел од големите натпреварувања. Европското првенство го смени форматот и повеќе нема лесни ривали. Сега само две селекции ќе ја минат групата и ќе играат во главната фаза. Немавме среќа во ждрепката затоа што ги добивме Франција, Германија и Швајцарија. Ние сме млада репрезентација и јас како селектор сум задоволен што имам можност да ја тренирам репрезентацијата која во иднина ќе направи големи работи. Немаме многу време, но ќе се подготвиме добро“, вели Лазаров.

„Повикав 19 ракометари од кои 17 се во Скопје. Од утре се селиме во Стара Пазова, каде што на 23 декември ќе ни се приклучи Талески, а потоа на 25 декември и Митревски. Мора да бидеме позитивни. Задоволен сум од двата квалитетни дуели против Германија и натпреварите со Турција, Луксембург и Португалија во квалификациите. Ќе се обидеме да создадеме добра хемија и ракометарите со гордост ќе го носат македонскиот дрес. Верувам во невозможното, иако тоа во моментов не е реална опција“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ