сабота, 27 јули 2024

Лазаров: Швајцарија е фаворит, но ако имаме шанси со некој, тоа се тие

На македонската репрезентација ѝ остана уште еден натпревар на Европското првенство, тоа е дуелот против селекцијата на Швајцарија кој се игра утре (вторник) со почеток од 18 часот.

Објавено на

часот

Сподели

По двата убедливи порази од Франција и Германија, на ред е дуелот со Швајцарија која во првите две кола покажа две лица. Лошо против Германците и импресивно против Французите на кој им зема бод.

„Швајцарија вчера покажа дека е квалитетна репрезентација и одигра реми против олимпискиот шампион Франција. Тие кажаа и пред мечот против Германија дека очекуваат победа, имаат големи амбиции и очекувања од турнирот. Нас нè очекува тежок натпревар со квалитетен противник. Сепак, ако имаме некакви шанси против некого, тогаш тоа е Швајцарија. Свесни сме и им ја препуштаме фаворитската улога, но ние ќе дадеме сè од себе. Имаме многу работи за корегирање. Ако во нешто сме први, тогаш тоа е бројот на технички грешки, но ќе се обидеме да ги намалиме. Колку помалку грешки направиме на поставена одбрана, мислам дека ќе имаме поголеми шанси за подобар резултат. Швајцарците беа воодушевени од нашата игра против Франција, но секој ден е нов предизвик. Важно е како ќе се фокусираме на мечот, дали ќе имаме индивидуални или колективни проблеми. Се надевам дека ќе го дочекаме мечот со чисти глави и се надевам дека ќе одиграме поквалитетно и да победиме“, вели Лазаров.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ