четврток, 16 јануари 2025

Лазаров: Пропуштивме победа, но мора да бидеме задоволни

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров е исклучително задоволен од изданието на неговите избраници иако во самиот финиш пропуштивме и комплетно да ја изненадиме Унгарија со победа.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија имаше храбро реми против Унгарија, одигравме 27-27, а малку фалеше и да победиме.

„Мислам дека треба да бидеме задоволни, иако можам да кажам дека пропуштивме готова победа. Нашите играчи по тајм-аутот не знаеја да направат прекршок, неискуството на нашите играчи се покажа во последниот напад. Доколку направевме такво нешто, можеби ќе победевме во мечот. Ѝ благодарам на Фалангата која ни даде голема енергија. Можам да кажам дека Холандија е многу побрза репрезентација од Унгарија, има периоди кога не прават измени за време на натпреварите, па така очекувам потежок натпревар од овој“, кажа Лазаров.

Следниот натпревар на Македонија е во среда против Холандија од 18 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ