„Уплативме 1.000 евра и поднесовме приговор. Топката 20-30 сантиметри беше внатре во голот по шутот на Лазаров. Со оглед на тоа дека Германија ни е противник, не веруваме дека ЕХФ ќе смени нешто. Но наше е да се обидеме“, изјави Драган Начевски, координаторот на машката репрезентација.
Според пропозициите за материјална повреда на правилата, мечот треба да се преигра.
З.К.