сабота, 27 јули 2024

Лазаров: Ова со пари не се купува

Објавено на

часот

Сподели

„Ја познавам оваа екипа, никаков притисок не им правев пред мечот и кога видов дека сме тивки и мирни – знаев дека ќе победиме. Кога сме бучни, кога дигаме врева – ништо не правиме. Затоа ништо не им зборев посебно, ги оставив без притисок момците, верував во нив. Исто така, многу добро не крена медицинскиот тим, се надевам дека сега и  Миркуловски и Јоноски (скршен нос-н.з.) ќе можат да играат со Србија. Пред ЕП реков дека ако играме со Србија, дека ќе ги победиме. Уште стојам на истото. За тоа мора да сме комплетни, иако како и да бидеме, ќе одиме на победа. Имаме добра организација, пораснавме како репрезентација, сега останива да се радуваме заедно со цела Македонија. Ова чувство со пари не се купува, тука дојдоа многу луѓе што се богати, но не можат да го почуствуваат што што ние го чуствуваме. Затоа сме среќни, ова што сега го преживуваме е нешто што тешко се повторува.“, изјави Лазаров, кој додаде:

„За мечот вечерва – излегува дека ние сега имаме проблем со нас самите кога водиме со 6-7 разлика против противниците. Така беше со Данска, така и со Полска. Ние водиме шест разлика, а сите во соблекувална нешто зборат. Тоа се нови моменти, но јас само ќе кажам дека моите колеги се лавови. Исто така, морам да признаам дека не очекувавдека на трибините ќе има толку наши навивачи, сепак, понеделник е. Беше неверојатно кога видов. За со Србија очекувам 10.000 навивачи, па да бидеме десет на десет илјади, да играме ракомет и да му покажеме на светот како тука се игра ракомет и како се сака државата.“, заврши македонскиот капитен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ