Македонската репрезентација утре од 18 часот го игра последниот меч од првата групна фаза на Светското првенство, ако триумфираме над Гвинеја, ќе продолжиме во втората фаза.
„Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар”, вели Лазаров.