„Сега е тешко да се каже нешто паметно. Игравме совршено во првиот дел, следуваше мал пад, но сепак бевме многу добри и во второто полувреме. Ова што ни се случува, веројатно го плаќаме данокот на неучество на големи натпреварувања каде што не сме константи. Играме фантастично, не знам што е ова, кому сме згрешиле што вака ни се враќа. Во второто полувреме, наместо да се дигнеме, ние паднавме, но не физички. Не знаеме да се вратиме назад, а игравме фантастично во првиот дел. Тоа е за книга да напишеш. Ми е жал за последниот шут. Трипати судиите ни креваа рака за пасивна игра, имаше уште 5-6 секунди. Голманот можеше да одбрани, можеше топката да отиде и зад гол, но не – таа се одби во терен доволно за да има време за контра и да примиме гол. Неверојатно е ова што ни се случува. Ако ни одат во прилог резултатите, ќе се вратиме и по оваа трагедија, но ако не, ќе биде многу тешко. Ќе има уште една непреспиена ноќ од жалење, ми е страв сега за психолошкиот момент, не за мене толку, колку за целиот тим. Ова беше меч по кој можевме да се бориме за медал, гледате дека со сите сме егал, со сите се носиме – и со Германија и со Шведска и со Данска“, изјави по мечот неверојатниот Лазаров.
Лазаров: Не знам кому сме згрешиле што вака ни се враќа
ТОП ВЕСТИ