сабота, 27 јули 2024

Лазаров: Не сум задоволен, со толку многу промашувања не можете да ја победите Војводина

Тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров не го криеше разочарувањето од стартниот пораз на евро-дебито за неговиот тим кој во Скопје загуби од Војводина со 31-26.
 

Објавено на

часот

Сподели

Лазаров не е задоволен од реализацијата на шансите, Алкалоид промаши многу зицери, а ако дадеше дел од нив, резултатот ќе беше поинаков.

„Зборував и вчера во најавата дека Војводина е подобар тим. Тие денеска заслужија да победат, беа подобри и сакам да кажам дека се десет пати едноподруго шампиони на Србија, а тоа значи многу. Ќе бидат подобри и подобри. Не сум задоволен од мојот тим, бидејќи ако утнете пет пенали во еден сериозен меч, не знам што повеќе да кажам. Промашивме вкупно 21 шут и пет пенали, а со тоа е невозможна мисија да се победи против тим како Војводина“, изјави Лазаров на прес-конференцијата по мечот.

„Мислам дека нашиот проблем денеска не беше во нашата одбрана, туку во нападот. Тешко беше да се надигра нивната одбрана, квалитетна, цврста, борбена, а потоа и брзи и лесни голови од контра. Имаше и добри работи, штом креираме толку седмерци значи има добро, но не успеавме да ги реализираме. Имавме и доста зицери. Меѓутоа не е само денеска, вака е и во македонското првенство, само што квалитетот овде е повисок од македонското првенство. Имаме проблем со реализацијата и мора да поработиме на тоа. Денеска беше огнено крштевање за некои играчи во Европа и можам да разберам, но во македонското првенство не можам да го разберам. И минатата сезона имавме вакви наптревари со лоша реализација со посилни противници, кои ги губевме. Е сега дали е психолошки проблем, дали е тренерска грешка… не знам. Важно ни фалеше реализацијата за да бидеме покомпетитини со големи екипи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ