Македонија го доживеа првиот пораз на Светското првенство откако загуби од Холандија со 37-32. Холанѓаните шутнаа дури 12 пенали, нашите добија два црвени картони, а имавме и многу исклучувања.
„Уште вчера кажав дека не очекува една тешка борба иако знае да не понесе еуфорија, добро знаев што не чека. Сепак, очекував и позитивен резултат затоа што требаше да ги искористиме нашите навивачи и целата атмосфера, како и самодовербата на ракометарите, но не секогаш е иста пресметката. Секој натпревар е различен и овој денеска излезе од целосна контрола, личеше на се, но не натпревар од едно Светско првенство“, рече Кире Лазаров.
„Колку и да не сакам да зборам и да се правдам поради нешто кога имате 12 пенали, колку и да биле добри да дојдат до тие пенали, 12 пенали еден тим да има и да имаме толкав број на исклучување ,тешко е како тренер да го водите тимот. Ние речиси 20 минути бевме со играч помалку и од нивната игра е тешко да се браниш, уште повеќе кога сте со играч помалку. Треба да напаѓаш и ако не постигнеш гол, веднаш примаш, а и дададе веднаш го враќаат. Тоа беше и некоја стратегија да бидеме со играч повеќе, им кажав на момците дека треба да играме цврсто и да се бориме, по цена и да имаме што помалку исклучувања. Нивните полуконтри и брзи центри се неодбранливи“.
Македонија следниот меч го игра против Гвинеја во недела од 18 часот, со победа одиме во следната фаза на Светското првенство.