сабота, 27 јули 2024

Лазаров контра Јиха – и двајцата еднакво добри и лоши

Објавено на

часот

Сподели

Како што Македонија зависи од услугите на Кире Лазаров, така и сета судбина на Чешка е во рацете на Филип Јиха. Вечерва ќе има борба на двајца гладијатори, великани на европскиот ракомет, членови на големи екипи (Атлетико Мадрид и Кил).

Но, рака на срце, и двајцата на ова првенство не ги задоволија вкусовите на навивачите, не блескаат како што тоа се очекуваше од нив и боде во очи нивниот речиси идентичен учинок во Ниш. И Кире и Филип имаат по 14 гола и по 12 асистенции, но и двајцата имаат лош процент на реализација – Лазаров имал 36 обиди, Јиха два помалку. Сепак, двајцата во секоја категорија се еден до друг, што значи дека треба да очекуваме вистинска израмнета битка на паркетот во Ниш.

И двајцата се играчи што не се кријат, Лазаров тоа и јавно го истакна по поразот од Германија, па сигурно вечерва ќе нè очекуваат многу нивни удари во и покрај голот. Немаме ништо против и по вечерашниот меч тие да се израмнети во учинокот, но само ако другиот дел од македонскиот тим биде поквалитетен од чешкиот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ