сабота, 27 јули 2024

Лазаров: Ќе ни треба поддршка од публиката како никогаш досега!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров верува дека големата негатива од седум разлика против Фарски Острови, може да се надополни, не треба да се губи надежта по високиот пораз.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија синоќа доживеа тежок пораз на гостувањето кај Фарски Острови каде загубивме со 34-27. Мисијата за пласман на Светското првенство сега станува исклучително тешка.

„Фарски Острови беше подобар противник на вчерашниот натпревар и заслужено победи. Ни направија многу проблеми и во нашиот напад каде бевме приморани да играме „седум на шест“ доста време, а не сакавме да играме на тој начин.
Нивниот напад беше технички скоро перфектен, иако бевме спремни за нивниот систем на напаѓање, сепак истите работи поминуваа.
Нема да губиме надеж и ќе веруваме до крај. Имаме неколку дена да се консолидираме и да пробаме да ја анлуираме негативата од седум гола.
Ќе ни треба поддршка од публиката како никогаш досега. Ќе се бориме и веруваме во позитивен исход во недела“, вели селекторот Кире Лазаров.

Македонија во недела од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш мечот против Фарски Острови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ