среда, 8 јануари 2025

Лазаров: Имаме убави спомени од Вараждин, нека биде така и сега

Македонската ракометна репрезентација од 15 јануари го почнува настапот на Светското првенство, натпреварите ги играме во Вараждин.

Објавено на

часот

Сподели

Вараждин е добро познат град за македонските ракометари кога се во прашање големите турнири.

„Имаме позитивни сеќавања од 2009 и 2018 година. Очекуваме голема поддршка од нашите навивачи, а ќе се обидеме и да ги освоиме и симпатиите на Хрватите во Вараждин. Можеби сме аутсајдери, но со помош од публиката можеме да ги изненадиме Унгарија и Холандија“, вели селекторот Кире Лазаров.

„Нашата најдобра генерација замина во историјата и сега градиме нова. Многу се изнамачивме да се пласираме на ова Светско првенство. Ни значи и тоа што играме во Хрватска која е блиску“.

Македонија првиот меч го игра на 15 јануари против Унгарија, два дена подоцна играме со Холандија, а на 19 јануари ја завршуваме првата фаза против Гвинеја. Најдобрите три од групата продолжуваат во втора фаза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ