среда, 22 јануари 2025

Лазаров: Горд сум на овие момци, среќата изгледа уште не сме ја заслужиле

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров е со измешани емоции по денешното реми против Австрија кое го изборивме со гол на Кузмановски во последната секунда од мечот.

Објавено на

часот

Сподели

Лазаров е задоволен поради голот на Кузмановски, но разочаран од промашениот пенал со кој можеби и ќе победевме.

„Првите импресии се поделени, може да бидеме среќни затоа што постигнавме гол, но може да бидеме незадоволни затоа што промашивме пенал за водство. Ако постигнавме гол, ќе бевме во предност, но тоа е во моментов, не нè следи среќата. Велат дека среќата ги следи тие што ја заслужиле, најверојатно не сме ја заслужиле сè уште. Горд сум на момците затоа што одиграа егал натпревар, покажаа дека знаат да играат против една ‘досадна’ Австрија, која знае што сака во секој натпревар. Сепак, не паднавме психолошки, бевме точни и реализаторски расположени, но не знаевме да одговориме во одбраната ‘седум на шест’. Исто така, очекував нашите голмани да бидат подобри, иако досега имаа коректен турнир. Задоволен сум, но жалиме за Унгарија и Австрија“, кажа Лазаров.

Лазаров откри дека дел од репрезентативците имале и здравствени проблеми.

„Митревски денеска беше под температура, Јагуриновски остана во хотел, Костески исто така имаше проблеми. Како е за сите, така е и за нас, имаме состав и ќе се обидеме за два дена да одиграме уште еден квалитетен натпревар“, вели селекторот.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ