На списокот се најдоа тројца нови ракометари. Едниот е Николас Најденовски, 17 годишниот играч кој неколкупати веќе беше на поширокиот список, а сега прват ќе биде дел од натпревари.
Се работи за играч кој настапува за шведскиот тим Луги, тој има играно за младинските селекции на Шведска, но реши за Македонија да настапува во сениорска конкуренција.
На овие мечеви ќе дебитираат и двајца ракометари на Алкалоид, голманот Иван Галевски и Валентин Карасманакис.
Македонската репрезентација се собира на 11 март, а дуелите со Романија се на 15 и 16 март во градот Браила.