сабота, 27 јули 2024

Лазаров: Го избравме потешкиот пат, но тоа е за доброто на Македонија!

РК Алкалоид со прес-конференција ја заокружи успешната сезона во која стигна и до првиот трофеј откако триумфираше во Купот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

РК Алкалоид и Кирил Лазаров ги сумираа впечатоците од сезоната, во која клубот од Автокоманда настапи во Европа, а се радуваше и на првиот трофеј по триумфот во Купот на Македонија.

Велат дека го одбрале потешкиот пат со тоа што шанса им даваат на домашни ракометари, но веруваат дека ова е правата стратегија од која бенефит ќе има и Македонија.

„Клубот е формиран пред три години, но ние го одбравме потешкиот пат, иако знам дека е вистинскиот пат. Го одбравме македонскиот пат, работиме добро и за клубот, за државата, за македонскиот спорт и македонскиот ракомет“ – вели Кирил Лазаров.

„Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме по тој пат иако воопшто нема да биде лесно, затоа што нашите најголеми конкуренти во македонската лига, која од година во година расте, имаат доста странци. Еурофарм Пелистер сезоната ја започна со 10 до 12 странски засилувања, Вардар, клуб со големо реноме и традиција, имаше осум странски играчи, Охрид дојде до бројката над 10 странси играчи оваа сезона, а морам да го споменам и Тиквеш, кој имаше шест странски засилувања“.

„Ние со само еден странски играч успеавме да бидеме рамноправни, и рамо да рамо да се носиме со клубови кои многу вложуваат и ние сме благодарни за тоа, затоа што само така може да се развива ракометот и спортот во Македонија“.

„Ама како што кажав, го одбравме потешкиот пат, па бараме разбирање и поддршка затоа што се соочуваме со многу предизвици“.

Тој потоа додаде: „Се испробавме во Европската лига и увидовме дека се уште не сме кадарни да победуваме секогаш. Но и покрај тоа што имавме силни противници од Шпанија, Данска и Србија, успеавме да дојдеме до прва историска победа на домашен терен и прв историски бод на гостински терен“.

„Во домашното првенство, имавме доминантно преставување во првиот дел со 14 победи на 14 меча, а потоа успеавме и да освоиме титула во Купот, каде во 72 часа, чесно и посветено, ги победивме двата најконкурентни тимови“.

„Посебно ми е драго што успеавме да направиме успеси во младинските категории. Апелирам до раководството на клубот уште повеќе да вложува во овие категории затоа што тоа е иднината на македонскиот ракомет. Апел и до другите клубови да не гледаат конкуренти во нас, туку да инвестираат во млади играчи, затоа што само така може ракометот да го задржи приматот спорт број еден“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ