петок, 18 октомври 2024

Лазаров ги одбра ракометарите кои ќе одат во Солун

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров реши со 18 ракометари да патува во Солун каде ќе одиграме две пријателски средби со Грција како дел од подготовките за Европското првенство кое се игра во јануари.
 

Објавено на

часот

Сподели

Од првичниот список отпаднаа четворица ракометари. Средниот бек Марко Митев и дефанизвецот Едвин Омерагиќ се пожалиле на поситни повреди, па за да не ризикува со нив, Лазаров ги остави во Скопје. Од комбинација отпадна и најмладиот меѓу четворицата пикери, Марко Стојковиќ, како и Емилијан Ѓорговски, левиот бек на Пелистер.

Ракометарите денеска патуваа за Солун, а утре од 17:30 часот се игра првата од двете контроли.

ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ

ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Филип Кузмановски

СРЕДНИ БЕКОВИ: Игор Ѓоргиев, Иван Џонов 

ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Велковски, Томи Јагуриновски, Мартин Серафимов, Давид Савревски

ДЕСНИ КРИЛА: Ненад Костески, Никола Костески

ЛЕВИ КРИЛА: Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ

ПИВОТИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Милан Лазаревски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ