сабота, 27 јули 2024

Лазаров: Добивме противник кој има голем ракометен подем

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го даде првиот коментар за ждрепката за баражот за СП во која за противник го добивме тимот на Фарски Острови.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија немаше среќа во денешната ждрепка, ја добивме селекцијата на Фарски Острови која беше пријатно изенадување на ЕП.

„Добивме квалитетен противник кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство. Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна. Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари. Имаме подеднакви шанси за пласман на СП 2025“, вели Кире Лазаров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ