сабота, 27 јули 2024

Лазаров: Ако ги наместиме чиповите во главите, сешто може да се случи

Објавено на

часот

Сподели

На средбата со новинарите присуствуваа и репрезентативците и целото раководство на РФМ

„Знам дека сме најслабо рангирани, знам дека обложувачниците нè прогласија за најголеми аутсајдери. Но знам и дека ако секој од нас во главата си го намести чипот и знае што треба да прави, сешто може да се случи. Имаме систем на игра, нè чекаат искушенија. Ако дадеме сè од себе, ќе им ги затвориме устите на сите што така изјавуваат за нас“, соопшти капитенот Кире Лазаров.

„По овие подготовки, кои ги реализиравме во најдобар ред, имаме јасна слика за тоа кои сме, што сме и колку можеме. Имаме уште два дена да ги искристализираме сите финеси за што подобро да почнеме“, рече Лазаров.

Неговиот колега Наумче Мојсоски додаде дека првиот меч со Шведска в недела е многу битен, но не и решавачки.

Ракометарите беа дотерани во „класичен“ стил

„Победата над Шведска ќе значи и пласман во втората фаза и пренесување на бодови. Ако го совладаме првиот противник, понатаму ќе биде полесно. Но и да загубиме, не смее да има трагедија. Ние сме народ што по секоја победа славиме три дена, ама и тажиме исто толку ако загубиме. Во секој случај, пласманот во втората рунда е желба на сите и силно ќе се стремиме кон тоа“, рече плејмејкерот на националниот тим.

Михајло Михајловски, претседателот на РФМ, објави дека цел на федерацијата за ова ЕП е пласман на место, кое би водело на квалификациите за ЛОИ во Лондон.

„Тоа е неофицијална желба на сите нас во РФМ, но знаеме дека ракометарите можат да го остварат тоа“, рече Михајловски, кој демантираше дека Федерацијата била вмешана во некаковси скандал со препродажба на билети.

З.К.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ