петок, 25 октомври 2024

Лазаревски: Стоилов ме подготви да се носам со најдобрите

Пикерот на Вардар и македонската репрезентација, Милан Лазаревски го истакнува менторството на Столе Стоилов како многу важно за неговиот напредок.

Објавено на

часот

Сподели

Откако Стојанче Стоилов стави крај на играчката кариера, Милан Лазаревски почна да блеска, одличен беше и на мечот против Франција, но најдоброто од него допрва се очекува.

Лазаревски вели дека важно за неговиот напредок во кариерата е менторството од Стоилов кое го има во Вардар.

„Неспоредливо е кога играте на домашна сцена и на вакво големо натпреварување како што е Европското првенство. Конкуренцијата и противниците се на друго ниво, но сметам дека подготовката која ми е на клупски план е квалитетна. Во Вардар имам фантастичен стручен штаб и ментор како Столе Стоилов, кој ме спреми добро да да се носам со најдобрите Мислам дека ја искористив шансата која ми беше дадена и дека ќе бидам уште подобар во следните натпревари“, изјави Лазаревски пред денешниот тренинг.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ