вторник, 16 април 2024
Прес-конференција на СДСМ

Лазаревска: Медицинскиот факултет ќе ја потврди Битола како регионален центар

Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола. Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа, рече пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ на прес-конференција.

Објавено на

часот

Сподели

„Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања ‘Свети Стефан’ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија ‘Свети Еразмо’ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.

Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини.

Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место.

Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината.

Ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението. Создаваме здравствен систем што не само што ќе ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ќе придонесува кон напредокот и здравјето на општеството. Младите од југозападниот дел на Македонија го заслужуваат тоа. За иднината на младите многу е важно да продолжи европскиот пат на земјата до полноправно членство во ЕУ“, рече Лазаревска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ