петок, 26 јули 2024

Лавров: Западот се обидува да игра на нуклеарната карта

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денес дека Русија се противи на обидите на западните земји „да играат на нуклеарната карта“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на БРИКС во Нижни Новгород, Лавров кажа и дека последните настани на глобалната сцена го покажале „вистинското лице на Западот кој тежнее да го наметне својот поредок во светот“.

Денес завршува состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на БРИКС.

Лавров се сретнал и со министерот за надворешни работи на Турција Хакан Фидан, кој на почетокот на јуни кажа дека Турција сака да стане членка на БРИКС.

Теми на разговорот на двајцата шефови на дипломатиите биле ситуацијата во Украина, на Блискиот Исток и на јужен Кавказ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ